Вчерашниот пожар на Средно Водно откри насади со канабис сатива

Шума Водно /Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк – шума „Водно“, на место викано „Марково крувче“, настанал пожар во кој биле опожарени смрека, трева и борова шума.

При увидот биле пронајдени и околу 15 саксии со стебла „канабис сатива“ кои биле зафатени од пожарот.

Од полицијата информаат дека работат на расчистување на случајот. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот