Вчерашната експлозија во фабриката во Бубањ Поток ги покажува слабостите на одбрамбената моќ на Србија?

принтскрин jутјуб

Вчера околу 14 часот во околината на Белград, во Лештане, одекнала силна експлозија, од ракетно гориво во погоните на компанијата на индустријата за специјална намена „Едепро“, во која се изработуваат противградни ракети. .

Како што пренесуваат српските медиуми , се уште е невозможно да се приближи до фабриката, додека екипите се уште се на терен, како мерка на претпазливост поради нови потенцијални експлозии. Како што додаваат, најверојатно уште едно лице им подлегнало на повредите, а останатите 15 работници се вон животна опасност.

„Во текот на ноќта немаше експлозии, ниту беа пронајдени нови повредени работници. Експлозијата што се случи се случи во магацинот, кој од експлозијата остана целосно без покривот , соопштија преставници на фабриката .

Вчера на терен биле дури 15 екипи на пожарникари. Граѓаните ја поминаа ноќта во страв од нови експлозии, но и страв од нови детонации. Властите соопштија дека во моментов состојбата е под контрола.


При експлозијата во фабриката за ракетно гориво Едепро во Лештане, вчера околу 14 часот, две лица загинаа, а 16 беа повредени.

Во моментот на експлозијата во магацинот со големина од 260 метри квадратни имало 500 ракети со 30 килограми експлозив. Во фабриката во моментов на експлозијата се наоѓале околу 40 вработени.
Дел од српските експерти за безедност и тероризам предупредија дека

Експлозијата во фабриката за ракетни и ракетни горива „Едепро“ во Бубањ Поток дефинитивно ја ослабнала одбранбената моќ на Србија. Тие сметаат дека државата мора итно да ја засили безбедноста на сите фабрики во наменската индустрија!

Особено што трагедијата во фабриката за ракети, за жал, не е првата несреќа што се случила во наменската индустрија сметаат експертите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот