Вчера во Македонија пристигнаа 9 360 дози „Фајзер“ вакцини

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека вчера, во нашата држава пристигнаа 9 360 дози вакцини од производителот „Фајзер“.

Од нив, 4 680 се преку директен договор што Македонија го има со овој производител на вакцини против ковид-19. Според договорот, „Фајзер“ секој понеделник ќе ни испорачува од 5 000 до 7 000 дози вакцини, односно 26 000 дози предвидени за цел месец.

Останатите 4 680 дози „Фајзер“ вакцини се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп” (Team Europe). Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата држава во месец мај треба да пристигнат вкупно 19 890 дози вакцини.

Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта која ни ја обезбедува ЕУ се вкупно 119 213 вакцини.

Видео на денот