Вчера вакцина примиле 11 946 граѓани, досега вкупно 510 197 вакцинирани

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510 197 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3109 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11 946 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 891 379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381 182 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

– Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, информираат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот