Вчера почна масовно тестирање во штипската конфекција од која се шири коронавирусот

Масовно тестирање вчера е почнато на сите варботени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но  и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места. Ова е една од одлуките од заедничкиот состанок на членови на Комисијата за заразни болести, државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, и Општинскиот кризен штаб, информираше денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. 

– Масовното тестирање на работниците се очекува да заврши денеска или најдоцна до утре. Така што, сите текстилни работнички од таа конфекција ќе бидат тестирани и ги очекуваме резултатите. Се надеваме на што  помал број заразени. Се работи за една сериозна анализа, епидемиолошка, која го покажува движењето на овие луѓе, кои се контактите, движењето во автобусите, дезинфекцијата и сето тоа треба да се заокружи со едно тестирање, рече Бочварски.

По состанокот со членови на Комсијата за заразни болести, штипскиот Центар за јавно здравје донесе и задолжиние до граѓаните да не се шири коронавирусот.

Сите граѓани од Штип кои се превезувале со автобусите од и до текстилната конфекција во која се детектирани поголем број лица заболени од короновирус, како и граѓаните кои користат ваков тип превоз, задолжително да останат во самоизолација и да се јават кај својот матичен лекар при појава на првите симптоми на болеста – кашлица, главоболка, покачена телесна температура, затнат нос, болка во грлото, треска, губење на чувството за вкус и мирис. Задолжението до граѓаните го донесе Центарот за јавно здравје-Штип по состанокот со епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.

Прочитајте и...  Гласањето е безбедно, порачува сертифицираниот обучувач на ДИК од Куманово

До денеска во овој кластер регистрирани се вкупно 19 заболени, покрај работници има и членови на нивни семејства. Епидемиолозите до денеска во изолација и самоизолација од овој кластер ставиле 153 работници, но и нивни контакти со членови на семејства, пријатели.

Надлежните од Центарот за јавно здарвје сметаат дека со овие мерки се прави да не се шири вирусот и кругот полесно да се затвори. 

Прочитај повеќе

Медицинска сестра од Чиле се грижи за болните од ковид-19: После смената свири на виолина низ ходниците (ВИДЕО)

Слободен печат

Судот ја одби кауцијата за поранешната девојка на педофилот Епстин

Слободен печат

Американска компанија кон крајот на месецов ќе тестира вакцина врз луѓе

Слободен печат

Во Дебар досега направени над 1.100 тестови, позитивни 153 лица

Слободен печат

Португалската полиција пребарува бунари: Се сомневаат дека педофилот Брукнер таму ја фрлил Медлин Мекен

Слободен печат

На грчка граница се продаваат лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Медицинска сестра која го победи коронавирусот даруваше крвна плазма

Слободен печат

Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории

МИА Агенција

„Ја кријат вистината како за Чернобил“: Американци тврдат дека научници од Вухан пребегале на Запад и ги откриваат мрачните тајни за коронавирусот

Слободен печат

ДИК: Од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи (ВИДЕО)

Слободен печат

Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк

Слободен печат

По вториот ден од сослушувањето, Хашим Тачи без зборови излезе од судот во Хаг

Слободен печат