Вчера му даде гол Јунајтед, денеска ќе оди на тест во училиште

фото:twitter/rochdaleafc

Манчестер јунајтед вчера со многу мака и по подобро изведување на пенали го исфрли (1:1, 5:3) Рочдејл од англискиот Лига куп. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на теренот излезе со комбиниран тим но силен тим предводен од Погба, Лингард, Фред, и речиси се посрамоти. Додека навивачите на Јунајтед се натпреваруваат во навредите на сметка на фудбалерите, најубавата приказна на денот е Лук Матесон.

Младиот 16-годишен бек на Рочдејл вчера мораше да изостанува од училиште бидејќи тренерот го вметна во првиот тим за гостувањето на „олд трафорд“ и дуелот со Манчестер јунајтед и доживеа моменти кои ќе ги памети целиот живот. Кога постигна гол, не знаеше како да го прослави, па по неколку моменти подоцна се затрча кон навивачите.

– Се фрлив на колена пред навивачите, мислев дека ќе се излизгам надвор од стадионот, ова за мене беше неверојатен момент. Сите мои пријатели се навивачи на Јунајтед, но јас го сакам Норич. Не го вклучив мобилниот телефон, но со нетрпение чекам да ги прочитам пораките – изјави младиот Лук Матесон по натпреварот.


Матесон со сигурност беше хит на денот во Англија, но денеска се врати во реалноста каде сè уште е ученик во средно училиште.

– По натпреварите секогаш имаме слободен ден, но јас ќе морам да го искористам за тест со психологија. И тоа го чекам со нетрпение, исто како и натпреварите, бидејќи образованието е многу важно. Професионалниот фудбал е супер, но никогаш не знаеш што може да се случи, затоа мора да се има план Б, а подобар од образованието, нема – вели Матесон.

Младиот англиски репрезентативец за првиот тим на Рочдејл дебитираше минатата сезона со 15 години и 336 денови, а оваа сезона има седум настапи за првиот тим на Рочдејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот