Вчера едно, денеска друго: Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус

Фото: EPA-EFE/ARNO MIKKOR HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Бугарскиот претседател Румен Радев е негативен на коронавирус, соопшти денеска неговиот портпарол.

Радев е во самоизолација по враќањето од Естонија, каде учествуваше на самитот на Иницијативата „Три мориња“, бидејќи бил во контакт со лице кое е позитивно, пренесува агенцијата БТА.

Тој беше тестиран за коронавирус и во понеделникот и во вторникот вечер, по враќањето од Естонија, односно вкупно трипати и сите три теста се негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот