Вчера 58 возачи ја пречекориле брзината

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 14 до 19 часот спроведе зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, извести МВР.

„При контролата, полициските службеници откриле 12 прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли и тоа: еден управување мотоцикл без возачка дозвола, два – измината важност на сообраќајна дозвола, три – управување со несоодветна категорија и шест – управување без заштитен шлем (кацига).

Во однос на овие прекршоци издадени се 12 прекршочни платни налози. Дополнително откриени се уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Педесет и осум возачи ја пречекориле брзината во населено место, додека ниту еден надвор од населено место. Издадени се 45 мандатни платни налози, а 13 возачи се писмено опоменати. Откриени се и 79 останати прекршоци за кои се издадени 43 мандатни платни налози и 36 прекршочни платни налози, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот