Важноста на Преспа форумот за дијалог по блокадата од Бугарија, анализираат Георгиев и Димовски

Поранешниот пратеник на СДСМ, Гордан Георгиев и поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денеска дебатираа на Телевизија 24 за важноста на Преспа форумот кој се одржува денес и за блокадата од страна на Бугарија.

„Пораките од високите претставници на ЕУ и САД се важни, но тоа се пораки кои често се повторуваат уште пред одржувањето на референдумот во земјава. Веќе граѓаните на оваа држава се заморени и направија еден блок наспроти власта за случајот со Бугарија и јасно кажа до каде може да одиме. Тој блок се должи на едно чувство на повреденост после договорот со Грција, но ова не е само тапкање по рамо од страна на високите странци што доаѓаат“, истакна Георгиев.

Тој истакна дека Преспа форумот кој се одржува денес е значаен настан за земјава, бидејќи присутни се навистина важни луѓе од САД и ЕУ и дека секој висок претставник е дојден со своите интереси. Георгиев напомена дека Република Бугарија и Франција отсуствуваат од форумот.

Илија Димовски пак, ја напомена важноста за координацијата помеѓу власта и опозицијата за одредувањето на националните црвени линии и ја обвини македонската дипломатија за немањето храброст да реагира соодветно.

– Нашата дипломатија деновиве не собраа храброст да изреагира соодветно на изјавата на министерката од Португалија. Не верувам во случајности на тоа ниво на дипломатија и припреми. Ние сме доведени до прагот, доведено е во прашање нашето опстојување, опстојувањето на македонскиот народ. Се пропушта минимум координацијата помеѓу власта и опозицијата за одредувањето на националните црвени линии, истакна Димовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот