ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ОД МВР: Утре посебен сообраќаен режим на „Илинденска“

Фото: Архива на „Слободен печат“

Според информациите од МВР, во времето од 08.30 часот до 12. 30 часот, во организација на спортски триатлон клуб Триоги рејсинг Скопје, ќе се одржи интернационален натпревар „Топси Триоги Триатлон“, па по тој повод сообраќајот ќе биде пренасочен.

Натпреварот започнува со пливање во базенот „Карпош“, потоа продолжува со возење велосипед со старт од Вип Арена СЦ Борис Трајковски долж пристапната улица, десно по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ каде се врти полукружно назад по истата коловозна лента на булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ и назад кон ВИП Арена СЦ Борис Трајковски од каде се започнува со трчање долж тротоарот на булеварот „8-ми Септември“ десно по булеварот „Илинден“ до целта пред ВИП Арена СЦ Борис Трајковски, во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 07,30 до 12,30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ при што за сообраќај ќе биде затворена само коловозната лента во насока на движење од „Мида моторс “ кон населбата Ѓорче Петров, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот