ВАЖНО: Пушачите имаат 14 пати повеќе шанса да заболат од коронавирус?

Министерството за здравство во Лондон смета дека и пушачите можат да го доведат своето семејство во опасност од Ковид-19.

Професорот Џон Њутн изјави дека никогаш немало подобро време да се престане со пушењето отколку што е сега додека владее пандемија на коронавирус. И тоа не само заради своето здравје, туку и заради здравјето на нивните најблиски.

– Пушењето му штети на здравјето на вашите бели дробови и респираторните органи, а вирусот Ковид-19 го напаѓа токму тоа, целиот респираторен систем. вели Џон.

Тој исто така посочува дека истражувањата во Кина довеле до информација дека пушачите имаат 14 пати поголема веројатност да заболат од вирусот отколку непушачите и да развијат сериозни белодробни заболувања.

Студијата била спроведена на пациенти во три болници во Вухан, Кина, кои имале влошена состојба од вирусот „Ковид 19“.
Историјата на пушачите е еден од факторите во студијата спроведена од 30 декември до 15 јануари. Старост, треска и респираторната инсуфициенција се исто така важни елементи во борбата против вирусот корона.

Докази

Студијата покажала дека првите двајца пациенти, кои починале во болница во Вухан, биле долгогодишни пушачи.

Научниците испитувале повеќе од 8.000 пациенти и откриле дека повеќе мажи биле болни отколку жени. И ова е, велат тие, затоа што мажите во Кина пушат повеќе од жените, предизвикувајќи слабеење на имунитетот.

Во првите шест недели од пандемијата, 1,7 проценти од жените починале, наспроти 2,8% од мажите.

Всушност, Кина има најголем број пушачи во светот, кои сочинуваат една третина од пушачите во светот, од кои само 2 проценти се жени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот