ВАЖНО ДА НЕМА ГЛАДНИ: Бон Џови има ресторан, оброците немаат цена

Принтскрин/Инстаграм

Џон Бон Џови отвори ресторан, кој нема цел профит, туку позадината е хуманитарна.

Тој ја води непрофитната организација „Soul Kitchen“, преку која се грижи оброк да добие секој кој не може да си го дозволи. Таму храната нема цена. Оние кои немаат пари може да јадат бесплатно и да компензираат со волонтирање во кујната.

Оние кои имаат пари може да донираат 20 долари и со тоа да помогнат во набавка на намирници. Ресторанот на Бон Џови работи под слоганот „Сите се добредојдени на нашата маса“.

Сите гости јадат на иста голема маса, а приоритет имаат сиромашните и гладните. Менито се менува на секои десет денови, а има опција и за безглутенска и вегетаријанска варијанта на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот