Важни се само парите, моќта и мажите: Комплицираниот однос на Џеки Кенеди и нејзината помлада сестра Ли Радзивил!

инстаграм

Тие две се веројатно најпознатите сестри на светот чиј приватен живот секогаш бил интересен за јавноста, а особено поради мажите со кои биле поврзувани. Смртта на помладата сестра на Жаклин Кенеди Оназис, Ли Радзивил, која починала на 86 години, означила крај не една ера, но во центарот на вниманието повторно се врати нивниот комплициран однос.

Наводно, Џеки никогаш не ѝ помагала на Ли финансиски и покрај тоа што била во можност, ниту пак кога нејзината сестра западнала во финансиски проблеми подоцна во животот.

„Кога Ли ќе побарала пари од Џеки, таа ќе ѝ позајмела, но тоа никогаш не биле суми кои можеле да ја спасат. Џеки никогаш не ѝ дала доволно пари на Ли за да може да си ги реши финансиските проблеми, што всушност го нарушило нивниот однос. Во својот тестамент не ѝ оставила апсолутно ништо“, открил Џ. Ренди Тараборели, автор на книгата „Jackie, Janet and Lee“ и додал дека Антони и Тина, децата на Ли, од својата тетка Џеки Кенеди наследиле по 500 илјади долари секој.

Џеки починала во 1994 година, две години откако ѝ бил дијагностициран Нон-Ходгкинов лимфон, а во својот тестамент јасно нагласила дека на својата помлада сестра не ѝ остава ниту цент.

„Многу ја сакам и веќе многу работи направив за неа во животот“, стои во тестаментот.

Зборувајќи за нејзината одлука, авторот на книгата тврди дека Џеки била свесна за тоа како нејзината одлука поприлично ќе го привлече вниманието на јавноста, но и додава дека двете сестри немале таков однос каде што ќе можеле да седнат и бидат искрени една спрема друга.

„Тие едноставно не биле така одгледани, затоа не можеле тоа да го направат. Цело време пишувајќи ја книгата, го чекав тој момент и мислев дека сепак ќе успеат, а најблиску што дошле до тоа бил моментот пред Џеки да се венча со Онасис. Тогаш ѝ рекла на помладата сестра дека тој брак ѝ е потребен, а Ли одлучила да ѝ го препушти мажот со кој била“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот