Важна порака од Рожер Федерер

twitter/#AusOpen

Најтрофејниот тенисер на денешницата се огласи на Инстаграм по повод актуелната состојба со пандемијата на коронавирусот.

Врвните спортисти секојдневно им упатуваат апели на луѓето да останат во своите домови и така да си помогнат на себе си, своите најблиски но и на здравствените работници да се изборат со пандемијата на коронавирусот.

Последен кој се јави со порака е и Швајцарецот Рожер Федерер и тоа преку својот Инстаграм профил.

„И јас останав дома и веќе долго време со никого не се ракувам. Често ги мијам рацете, како што не советуваат. Верувам дека сега е најважно да се помагаме едни на други. Посебно бидејќи мора да им помогнеме на постарите генерации“, порача Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот