ВАЖИ ЛИ ПРИМИРЈЕТО? Експлозии и пукотници по прогласениот прекин на огнот на североистокот од Сирија

Фото: Илустрација/EPA-EFE/AHMED MARDNLI

Експлозии на гранати и пукање денеска се слушаа во областа Рас ел Аин, на североистокот од Сирија, само еден ден откако Турција постигна договор со САД за петдневно запирање на офанзивата, за курдските сили од овој регион да можат да се повлечат, објави „Ројтерс“.

Британските медиуми јавуваат дека во градот Чејланпинар одекнувале експлозии од гранати и се слушало пукање од автоматско оружје.

Американскиот потпретседател мајк Пенс и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера во Анкара постигнаа договор за краткотрајно примирје

Турција на 9 октомври ја почна операцијата „Извор на мирот”, само два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја соопшти одлуката за повлекување на американските војници од североистокот на Сирија. Цел на оперцијата, според официјална Анкара, е создавање „тампон зона” за заштита на турската граница во која може да се вратат сириските бегалци од камповите во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот