Вавринка: Чувствувам дека Новак се плаши од мене

Швајцарецот Станислас Вавринка вели дека дуелот со Ѓоковиќ во 2013 година на Австралија опен му е пресвртница во кариерата.

Швајцарецот се до дуелот кој му ја смени кариерата, беше дел од 20. најдобри тенисери со повремени блесоци, но никогаш не се бореше за трофеите на најголемите турнири.

Така беше се до 2013 година кога во осминафиналето на Австралија опен се сретна до Новак Ѓоковиќ кој славеше во маратонски пет сета, а одлучувачкиот го доби со 12:10 во гемови.

– Да, ова видео е од тој дуел од 2013 година. Тоа е еден од најголемите дуели во мојата кариера, но исто така тоа беше и пресвртница за мене. По тој натпревар бев уништен, но подоцна ментално ми помогна во кариерата. Нешто се случи тој ден, нешто се смени во моето ниво на игра. Од сегашна гледна точка, на тој ден видов дека можам да играм против најдобрите тенисери и да имам добра кариера – вели Вавринка за Евроспорт.

И во наредните меѓусебни дуели на Мастерсите во Париз и Лондон и на УС Опен, губеше од Ѓоковиќ, но токму на грен слем турнирот во Њујорк повторно му даде силен отпор на Србинот и повторно загуби во трилер дуел.

Следната година, Вавринка ги дочека своите пет минути и во четвртфиналето на Австралија опен конечно успеа да го победи Ѓоковиќ, а потоа и да триумфира на грен слем турнирот.

– По епскиот дуел во Њујорк, дојде реваншот во Австралија. Многу луѓе зборуваа дека пред тој дуел не чека уште еден епски меч. Искрено почнав да се сомневам во себе кога го загубив првиот сет со 6:2. Но, успеав да се вратам, дојдов до петтиот сет и тогаш си реков во себе: Овој пат нема да му дозволам да се извлече, ова е мојот момент и успеав – се потсетува Вавринка на тoј дуел.

По таа победа, Швајцарецот ја сврте кариерата и успеа да освои три грен слем титули, а интересно е што во сите три триумфи, успеваше да го совлада Ѓоковиќ. Во четвртфиналето на Австралија опен, и во финалињата на Ролан Гарос (2015) и на УС Опен (2016).

– Од големата тројка, Новак беше тенисерот против кој сакав да играм, неговиот стил на игра највеќе ми одговара иако ме победи повеќе пати отколку што можам да избројам. Знам дека се плаши од мене на грен слем турнирите и тоа можам да го почувствувам кога излегуваме на терен. Игравме на УС Опен и иако Новак беше повреден, сепак одигра врвен тенис, а јас почувствував дека станува нервозен кога почнавме. Свесен е за што сум способен – смета Вавринка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот