Ваучери од 460 евра за трудниците кои ќе се откажат од пушење цигари

Instagram
Instagram

Трудниците во Англија би можеле да добијат ваучери за купување во вредност од 460 евра доколку ги  остават цигари. Имено, Институтот за јавно здравје соопштило дека финансиски сака да ги поттикне трудниците кои консумираат цигари да престанат со таа навика.

Тие наведуваат дека упатствата се отворени за консултации, но додаваат дека студиите покажале дека „поттикнувањата во вид на ваучер се прифатливи за многу трудници и даватели на здравствени услуги“ и дека веќе се користат во некои региони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NHS Mid Essex CCG (@midessexccg)


Експертите посочуваат дека жените ќе мора да се подложат на тестирање за да докажат дека навистина се откажале од цигарите, пред да ги земат ваучерите. Сепак, тие наведуваат дека, во случај тестирањето да биде отежнато поради пандемијата, ваучерите секако ќе бидат распределени.

Истражувањата покажуваат дека од 1.000 жени, 177 би ги оставиле цигарите доколку за тоа добијат ваучери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот