Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Охрид./ Фото: Архива на Слободен печат

Како што кажа тој, ваучерите, во износ од 6.000 денари ќе може да се искористат само во категоризирани сместувачки капацитети и хотели.

Секој поединец кој ги исполнува условите за добивање ваучер за летување во Македонија може да ја добие најавената владина помош во висина од 6.000 денари, плус 3.000 денари платежна картичка, без разлика дали станува збор за членови од исто семејство, рече првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат.

Како што кажа тој, ваучерите, во износ од 6.000 денари ќе може да се искористат само во категоризирани сместувачки капацитети и хотели.

-Мерката ќе може да ја искористат сите што се категоризирани хотели и приватни сместувачки капацитети коишто се категоризирани од страна на општините- рече Јаневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот