Ватикан против евтаназија и асистирано самоубиство

 Ватикан денеска објави документ за доктрината за крајот на животот и го повтори своето апсолутно спротивставување на евтаназијата и помогнатото самоубиство, но и непропорционално и неефикасно лекување што може да биде извор на страдање.

Документот упатен до верниците, свештениците, старатели и семејства, писмото „Samaritanus Bonus” (Добар Самарјанин) ги одразува добро познатите ставови на Светата Столица за поддршка на луѓето на крајот од животот.

Евтаназијата е опишана како „злосторство против човечкиот живот”, асистираното самоубиство е наречено „тежок грев”, а оние што прибегнале кон нив не можат да ги примаат сакраментите.

Светата столица соопшти дека сака да ја „разјасни” својата етика за крајот на животот во меѓународен законодавен контекст, кој „е се попопустлив кон евтаназијата и помагање при самоубиство”.

Во јули 2019 година, Ватикан остро се спротивстави на прекинувањето на третманот на 40-годишниот Винсент Ламберт, кој беше во вегетативна состојба десет години.

Ватикан предупреди дека прекинувањето на хранењето и давањето течности е „сериозно нарушување на достоинството на една личност”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот