Ватикан: Папата Франциск ја именуваше првата жена на висока дипломатска должност

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Ди Џовани ќе биде задолжена за мултилатерални односи во Државниот секретаријат во кој е вработена од 1993 година. Таа е експерт за меѓународно право и човекови права.

Папата Франциск ја именуваше првата жена на висока должност во Државниот секретаријат, дипломатско и административно седиште во Ватикан во кое доминираат мажите.

Италијанската лаикиња Франческа Ди Џовани ќе ја преземе новооснованата позиција во Канцеларијата за Односи со државата каде ќе биде потсекретар, односно една од двајцата заменици на министерот за надворешни работи. Римокатоличката Црква им дозволува само на мажите да ракоположуваат свештеници, а жените традиционално се на маргините на администрацијата.

Но женските здруженија, вклучувајќи ја и главната организација на римокатоличките калуѓерки, веќе долго време го повикуваат папата да именува повеќе жени на високи должности, повикувајќи се на податоците дека повеќе од половина од 1,3 милијарди католици се жени и дека има три пати повеќе жени верници отколку мажи.

Ди Џовани ќе биде задолжена за мултилатерални односи во Државниот секретаријат во кој е вработена од 1993 година. Таа е експерт за меѓународно право и човекови права.

Папата минатата година ги именува првите четири жени советнички на Епископскиот синод, институција основана пред 50 години за припрема на важни бискупски состаноци кои се одржуваат на неколку години и на кои се дискутира за различни теми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот