Ватикан: Одлуките на САД дополнително ќе го поткопаат израелско-палестинскиот мировен процес и кревката стабилност на Блискиот исток

Фото: МИА

Ватикан денеска изрази загриженост дека „неодамнешните одлуки” можат да ја нарушат регионаната стабилност на Блискиот исток.

Ватикан во соопштението не го наведува посебно американскиот заклучок дека еврејските населби на Западниот брег не го прекршуваат меѓународото право, но се чини дека јасно станува збор токму за тоа кога зорува за „неодамнешни одлуки кои ризикуваат дополнително да го поткопаат израелско-палестинскиот мировен процес и онака кревката регионална стабилност на Блискиот исток”, пренесуваат американските медиуми.

Ватикан ја повтори својата поддршка за решението „две држави за двата народа”, како единствен начин да се постигне целосното решение на овој долгогодишен судир.

Оттаму се наведува дека го поддржуваат правото на Израел да живее во мир и безбедност во рамките на внатрешните граници кои ги призна меѓународната заедница и дека го поддржува истото право што му припаѓа и на палестинскиот народ, а кое мора да се признае, почитува и спроведува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот