Ватикан казни пензиониран надбискуп за прикривање сексуални злоставувања

Ватикан фото МИА

Ватикан го казни поранешниот надбискуп на Вроцлав затоа што не ги сфатил сериозно обвинувањата за сексуална злоупотреба во Црквата, забранувајќи му да учествува на јавни, верски и секуларни церемонии.

Веста за изрекувањето на казната за пензионираниот надбискуп, Маријан Голебиевски, ја соопшти денеска Надбискупијата во Вроцлав.

Надбискупијата соопштува дека Ватикан го испитувал неговиот пропуст да не верува во наводите за сексуални злоставувања во периодот  од 1996 до 2013 година.

На надбискупот Голембиевски (83) му е наредено „да живее во духот на покајанието и молитвата”. Нему му е забрането да учествува на какви било јавни церемонии и му е наредено да плати „соодветна сума” за да им помогне на жртвите на злоставувањата, се наведува во соопштението на Надбискупијата.

Ова е нов случај на наводна сексуална злоупотреба или нејзино прикривање во доминантно  католичката Полска.

Ватикан во март годинава поради истата причина го казни поранешниот надбискуп на Гдањск, протерајќи го од територијата на надбискупијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот