Ватерполо во Токио: Балканското дерби за Хрватска

EPA-EFE/Tibor Illyes

Дерби пресметката во претпоследното коло од групната фаза на олимпискиот турнир во ватерполо и припадна на Хрватска која со 14:12 (5:3,1:1,4:4,4:4) ја совлада Србија.

Со оваа победа, Хрватска го завери второто место во групата Б со три победи, додека Србија е трета со по две победи и порази, и исто така ќе игра во четвртфиналето благодарение на Шпанија која со 15:6 ја совлада Австралија.

Во последното коло Србија ќе има уште една балканска пресметка, овој пат против Црна Гора која има идентичен скор на табелата, додека Австралија има само една победа, но ги загуби двата дуели со Србите и Црногорците и нема шанси за пласман во нокаут фазата.

Хрватите одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 5:1, за до крајот на четвртината Србија да постигне два гола. Втората четвртина беше израмнета, двете репрезентации постигнаа по еден гол, а во третиот дел, Србија успеа да дојде до израмнување на 8:8. Но, одговорот на Хрватска беше серија од 4:0 и до крајот на натпреварот не го испушти водствоот. Паоло Обрадовиќ и Маро Јоковиќ со по четири гола беа најдобри во Хрватска, додека Никола Јакшиќ даде три гола за Србија.

Срна Гора немаше проблеми против Казахстан и славеше со 19:12, додека Шпанија ја победи Австралија со 16:5. Во групата А, Унгарија ја запиша третата победа откако беше поуспешна од САД со 11:8.

Видео на денот