Ватерполистите на Србија остануваат на олимпискиот трон, преку Грција до ново злато

EPA-EFE/PATRICK B. KRAEMER

Ватерполо репрезентацијата на Србија триумфира на олимпискиот турнир откако во финалето беше подобра од Грција со 13:10.

Златниот медал од Рио де Жанеиро, ватерполистите на Србија го одбранија во Токио и на најдобар можен начин поголем дел од играчите како олимписки шампиони се повлекуваат од настапите за репрезентацијата.

Србија подобро го отвори финалето, беше подобра во одбраната, а со головите на Пјетловиќ, Филиповиќ и Јакшиќ дојде до предност од три гола (5:2) на две ипол минути до крајот на првата четвртина.

EPA-EFE/PATRICK B. KRAEMER

На првата мини-пауза, Србија имаше предност од три гола, но во втората четвртина Грција направи серија од 1:4 и го израмни резултатот на 7:7. Втората четвртина на крајот заврши со минимална предност на Србија од 8:7. Во третата четвртина, Грците повторно успеаја да дојдат до израмнување на 9:9, но триото Мандиќ, Филиповиќ и Прлаиновиќ не дозволи целосен пресврт.

Со головите на Прлаиновиќ и Јакшиќ, Србија поведе со 12:10, а точка на натпреварот стави Мандиќ за втора олимписка титула по ред за српските ватерполисти.

Видео на денот