Васоски реагира на обвинувањата на Ренова: Ова веќе минува во хајка која нема врска со вистината

Тренерот на Академија Пандев и порача на Ренова дека е патетична/фото: ФФМ

Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски по соопштението на екипата на Ренова која реагира на судењето на вчерашниот натпревар токму против „пандевци“, денеска му одговори на противникот. А. Пандев вчера славеше со 2:1, а натпреварот покрај пресвртот на домаќините го одбележа и судијата Грујоски кој прво досуди крај на средбата, а потоа ги враќаше фудбалерите назад на теренот.

„Морам да реагирам на се понагласените патетични соопштенија од нашите противници за судењето на нашите средби. Веќе преоѓа во патетика после мечот вината да ја барате кај судиите. Со тоа го омаловажувате нашиот труд и си барате алиби за поразите. Што е Академија Пандев виновна што некој неодговорен гледач свирнал со свирче од трибините, за нашите и фудбалерите на Ренова да застанат. Подготвен сум на дебата да дискутирам за секој фаул, офсајд или друга ситуација, ама само со аргументи. Ова веќе минува во хајка која нема врска со вистината. Се додека нема ВАР за жал ќе има судиски грешки, затоа сите треба да се залагаме што побрзо да се донесе. Апелирам и на јавна емисија со судиски експерти за да се минимизираат грешките“, одговори Васоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот