Васоски нов селектор на македонската У21 репрезентација!?

Александар Васоски останува на клупата на ФК Академија Пандев/фото: facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

Александар Васоски остана без ангажман после разделбата со Сараево од Босна и Херцеговина, поточно по натпреварот со Железничар во тамошниот шампионат, нашиот тренер си поднесе оставка која подоцна беше прифатена.

Васоски се врати во Македонија, а потоа во интервју за босанските медиуми објасни колку го погоди неуспехот со Сараево.

– Штета што не можевме да го следиме мојот концепт на долг рок. На некои натпревари беше јасно дека Сараево може да игра како што сакам јас, тоа е офанзивен фудбал со многу шанси, но проблемот беа индивидуалните грешки. Тие нè чинеа бодови. Значи, ако го анализираме и игнорираме мечот со Зрињски на гости, речиси во сите бевме статистички подобри од противниците. На натпреварот против Железничар загубивме со 2:0, имавме црвен картон и многу повеќе шанси во однос на нив. За жал, резултатот изостана и тренерот е тој што прв го плаќа цехот, а јас имам образ – рече Васоски.

Можно е наскоро Васоски да биде има нов тренерски ангажман, вели дека преговара со два клуба.

– Преговарам со два клуба, едниот е од Македонија, доста моќен, а другиот е од странство. Постои и опција за преземање на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Деновиве секако ќе донесам одлука – се зборовите на Васоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот