Васоски: Ќе се обидеме да го задржиме куп трофејот во нашите редови

Академија Пандев /Фото: ФК Академија Пандев/facebook

В среда ќе се игра финалето во Купот на Македонија, а за трофејот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе играат екипите на Академија Пандев и Силекс.

Во полуфиналните дуели „пандевци“ со 3:1 го елиминираа составот на Македонија ЃП, додека клубот од Кратово со 1:0 беше подобар од Струга Трим Лум.

Во продолжение изјава на двајцата тренери пред утрешното финале..

Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски:

– Сон на секој фудбалер е да игра финале. Ние сме последни освојувачи на Купот и ќе се обидеме да го задржиме трофејот во нашите редови.

Тренерот на Силекс, Горан Симов:

– Сите сме максимално мотивирани и фокусирани да го освоиме трофејот. По 25 години Силекс повторно е во финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот