Васоски: Идната сезона ќе имаме млада екипа!

Фото: ФК Вардар

Шефот на стручниот штаб Александар Васоски засега е задоволен од текот на подготовките според планираното. Екипата составена и од млади играчи, има мотив за работа, а на 17 јули екипата ќе замине во Словенија, каде ќе се одработуваат главниот дел од подготовките.

– Петти ден како се подготвуваме, и можам да истакнам задоволство од текот на подготовките. Во екипата имаме многу млади играчи кои се желни за докажување, а тука се и поискусните да им дадат поддршка на помладите. Имаме играчи кои за прв пат ќе искусат подготовки со сениорската екипа. Идната сезона ќе имаме млада екипа, со неколку искусни поединци и се надевам дека тоа ќе ни донесе добри резултати – рече Васоски.

Александар Васовски – тренер на Вардар
Фото: ФК Вардар

Во моментов со екипата тренираат триесетина играчи, а стручниот штаб во наредните две недели ќе донесе одлука кои фудбалери ќе патуваат на подготовките во Словенија.

– На 17 јули треба да одиме во Словенија и таму да одиграме неколку пријателски натпревари. Во моментов имаме на располагање триесетина играчи, но во следните денови ќе одлучиме кои играчи ќе одат во Словенија на подготовки. Секако дека и во иднина будно ќе ја следиме ситуацијата во младите категории, и дека од таму ќе земаме уште играчи, за кои ќе сметаме дека имаат потенцијал и квалитет за во сениорскиот тим. Планираме пред замиувањето во Словенија да одиграме и една пријателска – додаде шефот на стручниот штаб.

Претходно објавивме дека еден од досегашните најдобри играчи во составот, Бразилецот Фелипе се поврзува со голем трансфер во Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот