Васоски бесен по елиминацијата: Ова ли е европска Шкендија?

Фото: ФК Вардар

Тренерот на Вардар, Александар Васоски е бесен по елиминацијата на „црвено-црните“ од Шкендија во Купот на Македонија поради мечот кој помина со инциденти и скандали.

„Ова ли е европска Шкендија??? Ова е срам за македонскиот фудбал. На пет опасни ситуации кога одиме во напад се слуша свирче од трибините, нашите застануваат мислејќи дека е офсајд. .. Гачевски „торпедиран со камења“ во второто полувреме. Се играше со еден фудбал цел натпревар… Го враќате фудбалот назад со децении, секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакно од глава не ви фали. Срамно и жално“ напиша Васовски на својот Фејсбук – профил.

принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот