Васко Ковачевски не е уапсен, се наоѓа надвор од државата

васко ковачевски есм

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски не е уапсен во големата полициска акција што од утрово се спроведува за злоупотреба на јавна набавка, а според информациите на „Слободен печат“, тој од септември ја напуштил државата.

Според нашите информации, осомничени се 19 физички лица, а освен Ковачевски недостапни за полицијата се уште три лица, меѓу кои и Васко Стефанов кој го наследи Ковачевски на директорското место.

Освен овие физички лица има осомничени и правни лица.

Од МВР само потврдуваат дека во тек е полициска акција.

-Во тек е полициска акција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Детали за акцијата за подоцна најавуваат и од ОЈОГОКК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот