Василичарскиот концерт „Легенди” утре и задутре во Националната опера и балет

Концертот ќе има две изведби, на 12 и 13 јануари, од 20 часот.

Песни од најдобрите музички поп легенди во целосно нови симфониски аранжмани, ќе бидат дел од програмата на утрешниот гала концерт по повод празникот Василица, со кој Националната опера и балет (НОБ) ќе ја почне сезоната 2020.

На традиционалниот концерт, насловен „Легенди” („Legends”), ќе настапат солисти, оркестарот и хорот на НОБ под диригентство на Бисера Чадловска.

Националната опера и балет, како што стои во објавата на нејзината фејсбук страница, најавува вистинско и незаборавно уживање за публиката.

Концертот ќе има две изведби, на 12 и 13 јануари, од 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот