Васили: Најпрво владејачката партија да се изјасни за 13 октомври, па потоа дијалог за кризата

Третата по големина политичка партија во Албанија и втора во обединетата опозиција, Социјалистичкото движење на интеграција(ЛСИ), чиј лидер е Моника Круемади, сопруга на претседателот Илир Мета, со став дека „најпрво владејачката Социјалстичка партија треба да се изјасни за 13 октомври, па потоа да има дијалог за кризата“.

Иако роковите за пријавување за учество на изборите за 13 октомври според последната уредба на шефот на државата се изминати, Васили верува дека се уште има време добро да се размисли и делува,зашто токму општата согласност за избори на 13 октомври е решение кое би го отворило патот за дијалог.

Шест месеци по почетокот на политичката криза, ЛСИ е на мислење дека решението ќе дојде од внатрешниот фактор.

– Мнозинството треба прво да изгради односи со законот, а потоа и со опозицијата. Социјалистичката партија да се изјасни за 13 октомври а дијалогот е втор. Ние како партија не се плашиме да се соочиме на избори со Еди Рама како премиер, но мнозинството треба да даде силни докази дека постои правна држава,изјави потпретседателот на партијата, Петрит Васили.

Посочува дека за нив како партија не е проблем Еди Рама како премер, туку обврската кон албанските граѓани, но и пред свето, да се одржат избори според највисоките стандарди.

Од друга страна демократите на Љуљзим Баша, кои ја предводат обединетата опозиција, инсистираат на избори без премиер Рама. Сепак Васили ги негира гласините за несогласувања во опозицискиот камп.

– Демократската партија има цврст став дека 13 октомври е уставниот датум за избори. Постои јавен став на опозиција и нејзина подготвеност што побрзо да спроведе избори врз основа на потребнте стандрарди а не избори кои ги спроведуваат крадци. Вие не мислите дека ќе речеме, ајде да ги спроведеме изборите со оние кои ги украдоа изборите во Пешкопеја, Драч, и други места вели Петрит Васили.

Обеднетата опозициа ги бојкотираше локалните избори одржани на 30 јуни,поарди што социјалистите постигнаа целосен триумф,освојувајќи 60 од вкупно 61 градоначалничко место а и во советите на општините 76 отсто се нејзини членови.

Во врска со барањето на опозицијата да има локални избори на 13 октомври,за кога ги одложи претседателот Мета, премиерот Рама изјави дека „избори имало а 13 октовмри е неделен ден како и секој друг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот