Василевска до Заев: Да имавте „е“ од европски вредности веднаш ќе побаравте оставка од Рашковски

Фото: Принтскрин

Професорката Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција му испрати порака на премиерот Заев, која се однесува во врска со актуелниот случај со генсекот Драги Рашковски.

– Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш. Аудио материјалот, кој беше објавен во медиумите, ќе биде проследен до сите медиуми по оваа прес конференција, за да може господинот Заев да го слушне. Доколку и по денешната прес конференција и пуштањето на аудио материјалот, Заев не побара оставка од Рашковски се потврдува веќе кажаното од наша страна, дека Рашковски работи исклучиво по насока на Зоран Заев и дека авантата од 7 милиони евра е договарана во име и за лична корист на Заев. Имајќи ја предвид сериозноста на случајот, како и чувствителноста на истиот сметаме дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски.Индициите се дека Рашковски извршил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 со што му се заканува казна затвор од над 5 години затвор. Дополнително повеќе треба да се реагира, ако се земат во предвид обвинувањата на Ваљон Беља, економски директор на Клиничкиот центар во Скопје, кој кажа дека Рашковски е вмешан и со земање мито од тендери во здравството – изјави Иванка Василевска на денешната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот