Василев: Петков од „Продолжуваме со промената“ ќе биде кандидат за премиер на Бугарија

Кирил Петков бугарија
Кирил-Петков/ Фото: МИА

Кирил Петков ќе биде предложен од Продолжуваме со промената за премиер на Бугарија, изјави Асен Василев за ТВ Нова њуз.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев се гледа себеси како иден министер за финансии на земјата. Една од првите задачи што Продолжуваме со промената ќе ја преземе доколку победи на парламентарните избори на 14 ноември во Бугарија ќе биде преразгледување на Антикорупциската комисија и Обвинителството.

Продолжуваме со промената е отворено за разговор по изборите со Да, Бугарија и Исправи се БГ!

Василев наведе дека неговата партија се разликува во економските политики.

– Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија во текот на претседателските избори поддржа двајца различни претседателски кандидати со што се покажаа нивните разлики, истакна Василев и додаде дека луѓето што ги поддржуваат имаат поинаква визија од оние што ја поддржуваат Демократска Бугарија.

Според сите социолошки истражувања во Бугарија, за време на кампањата Продолжуваме со промената е на второ место, но социолозите предупредуваат дека има многу сериозен потенцијал за тоа, што може да дозволи да достигне осум проценти разлика со првиот ГЕРБ. – Сила на УДФ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот