Васил Гарванлиев се најде на страниците на „New York Times“, а за Евровизија вели: Тоа е Олимпијада за пеење

Instagram

Нашиот претставник на овогодинешната Евровизија, Васил Гарванлиев се најде на страниците на реномираниот „New York Times“. 

Имено, Гарванлиев имал телефонско интервју со новинарот на „New York Times“ Алекс Маршал, со кого разговарале за големото разочарување на Гарванлиев откако минатата година поради пандемијата на коронавирусот беше откажан изборот за песна на Евровизија – но и за процесот на создавање на песната со која ќе ја претставува нашата земја оваа година во Ротердам.

Целиот живот, работев напорно за да стигнам таму, а моето патување дури и не започна… Бев уништен“, изјавил 36-годишниот Гарванлиев во интервјуто за „New York Times“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

За Гарванлиев – и стотиците милиони обожаватели на настанот – Евровизија е далеку повеќе од обичен натпревар за песни. „Тоа е Олимпијада за пеење“, вели Гарванлиев.

Во разговорот, Васил раскажал како минатиот март седел на својот кревет чувствувајќи големо разочарување од што всушност произлегла една нежна мелодија,  а потоа и му се појавиле стихови во главата.

Оваа песна излезе од мене… И си помислив „овде имам нешто убаво“. Секако, не знаев дека ова ќе заврши оваа година на Евровизија… Јас дури и не знаев дека ќе ме одберат повторно“, вели Гарванлиев раскажувајќи дека во јануари, по осуммесечно чекање,  бил поканет да настапи на овогодинешната Евровизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Евросонгот ќе се одржи од 18 до 22 мај, во две полуфинални вечери и големото финале, а Гарванлиев ќе настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред.

Арената ќе има капацитет од 20 проценти, со само 3.500 луѓе во публика кои ги бодрат натпреварувачите. Настанот е официјално дел од серијата експерименти на холандската влада за да се види како да се водат големи настани на безбеден начин. Сите натпреварувачи ќе мораат претходно да снимат верзија од нивните песни во случај да се заразат со ковид-19 и да не можат да настапат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот