Васил Гарванлиев најдобар на светскиот фестивал за фолк-култура: „Ѓердан“ му донесе победа

„Глобал калчр инишијатив“ вчера ја објави листата со победници на фестивалот „Ворлд фолк вижн 2020“. Во категоријата за најдобра песна победник е македонскиот годинешен преставник на Евровизија – Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан“.

На овој глобален фестивал учествуваа повеќе од 4.000 реномирани уметници од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беше вклучено 44-члено професионално жири од повеќе земји од светот. Организаторите известија дека повеќе од 26 милиони гласачи од 150 земји одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со ковид19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.

„Сѐ уште не ми е верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со „Ѓердан“ да учествувам – песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време – изјави Гарванлиев.

Песната „Ѓердан“ беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгиќ, текстот на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан.

Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот