Васил Гарванлиев има своја приказна, погледнете ја (ВИДЕО)

Фото: Промо

Васил Гарванлиев вчера на неговиот официјален јутуб канал ја објави неговата најнова песна и видеозапис за „ПриКазна“.

Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна YOU, со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.

Фото: Промо

Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, овојпат Васил можеме да го видиме со уште поуникатен уметнички израз низ кој ја раскажува неговата приказна преку “борбата„ во/со себе, а воедно и со се што во моментотов ни се случува  – прашање со кое токму и започнува самата песна.

Автор на музиката е самиот пејач, текстот е на Тања Брковска, додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски. За видеозаписот се погрижија Digital Box продукција од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши.

Приказна е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот