Васил Гарванлиев: Гордо ја претставував Македонија и пеев за секоја душа на светот… Најдоброто допрва доаѓа

Instagram

Синоќа се одржа првото полуфинале од изборот на песна за Евровизија во Ротердам, Холандија.

ВИДЕО | Настап полн емоции – Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на Евросонг

Нашиот претставник Васил Гарванлиев синоќа воодушеви со својата изведба на песната „Here I Stand“.  Но се чини, моќниот настап, маестралната изведба со еден тон емоции, но и специјални ефекти на сцената проследени со огромен аплаус од публиката не беа доволни за пласман во големото финале.
Иако не успеа да запее на големото финале, Гарванлиев е нашиот победник. Тој во разговор со „Фокус“ истакна дека е горд на синоќешниот настап и дека ова е само почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Јас сум толку горд на настапот, што дури и немам коментар… Бев мирен, 100.000 проценти бев јас, не претставив во најубаво светло, со искрен, чист глас. Реков и ќе повторам, јас веќе се чувствував како победник пред да заминам на Евровизија, без разлика на се што се случуваше наоколу. Верувам, се борам, нема да престанам. Ова е само почетокот! Мора да се цениме и поддржуваме, затоа што сите сме едно срце. Само така ќе успееме и одиме напред и нагоре“, изјави Васил за „Фокус“.

ВИДЕО+ФОТО: Моќниот настап и одличната вокална изведба на Гарванлиев, без успех за пласман во финалната евровизиска вечер

Момент во историјата – но повеќе од тоа… Мојата приказна. Застанав на таа сцена со искрена и отворена душа, гордо ја претставував Македонија и пеев за секоја душа на светот. Јас сум многу благодарен и горд и ова е само почеток на она што веќе беше неверојатно патување, процес и пат. Ја чувствував љубовта, вистината, гордоста и енергијата од сите. Нема да го заборавам тоа. Стоиме заедно како едно… тоа е начинот на кој ја претвораме темнината во светлина и ја замолчуваме омразата со љубов. Тука стојам и најдоброто допрва доаѓа. Ви благодарим за поддршката, пораките и гласовите! Ве сакам сите!!“, напиша Гарванлиев на својот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот