Вашингтон знаел дека Босанците СПРЕМАЛЕ НАПАД на Кулите близначки !? – Откриени НОВИ информации (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Позади името на Сафет Ибид Чатовиќ, кој во ОН во 2001 година имал амбасадорски статус како воен претставник на БиХ, се крие бившиот командант „Ел муџахедин“ Абу Мали.

Овие, но и податоците дека се спрема „нешто големо“ во август, само неколку недели пред терористичкиот напад на САД, имала Мери Ендруз од дипломатската мисија на САД на Ист Ривер.

Таа приказна ја открива Дарко Трифуновиќ, некогашен прв секретар на мисијата на БиХ при ОН. Сеќавајќи се дека Мали тие денови случајно го сретнал на влезната врата на зградата на улица Плаза 866м во Менхетн, каде мисија имале сите членки на ОН, Трифуновиќ вели дека во око му паднал неговиот жолт беџ, пропусницата за зградата која ја имале само амбасадорите и најголемите претставници на земјите членки.

Фото: Принтскрин

„На пропусницата на тој човек, очигледно од арапско потекло, пишуваше „БиХ“ и јас на влезот го задржав и го прашав кој е тој. Тој веднаш избега по улицата, а јас истиот ден отворив истрага и за се тоа ги известив американските колеги“, сведочи Трифуновиќ, кој денес е експерт во Институтот за национална и интернационална безбедност во Белград.

Тој вели дека не било потребно многу време да се утврди дека беџот во ОН бил издаден на името Сафет Ибид Чатовиќ по „намерна грешка“ на некого, со обѕир на тоа дека БиХ немала формациско место за помошник амбасадор за воени работи.

Набргу се кренал внатрешен аларм во службите на ОН, па било утврдено дека статусот му бил даден од тогашниот амбасадор на БиХ во ОН, Мухамед Шачирбеј и неговиот колега Хусеин Живаљ.

Приказната за Абу Мали, според тврдењето на Трифуновиќ, во добар дел е скриена од јавноста, а Сараево со помош на Саудиска Арабија, сториле се за да биде „закопана“.

Во меѓувреме, како што велат, ФБИ дознале дека „првиот босански муџахедин“ во Њу Џерси имал своја хуманитарна организација и дека за две недели пред нападите во Америка, тој во Пенсилванија организирал „Џихад камп“ за млади.

Фото: Профимедиа

„Не е случајно што еден од тие авиони од чуениот лет 93, во Њу Џерси паднал во Пенсилванија. Авионот се срушил во округот Самерсет, недалеку од тој „Џихад камп“, рекол Трифуновиќ за Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот