Вашингтон вечерва го очекува еден од најголемите протести

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Во Вашингтон вечерва се очекува голем протест против расизмот и полициската бруталност, можеби еден од најголемите досега, поради неодамнешното убиство во Афроамериканецот Џорџ Флојд, изјави началникот на полицијата.

Активисти на социјалните мрежи повикаа на протестот да се соберат милион луѓе.

Убиството на Флојд веќе 12 дена по ред предизвиувка масовни протести и насилства низ целата земја, а се протестира и низ во многу градови во  светот.

Џорџ Флојд (46) беше убиен на 25 мај во Минеаполис, од бел полицаец, кој со коленото му го притискаше вратот цели 8,46 минути, се додека не се задуши. Првата независна обдукција покажа дека Флојд починал од задушување, додека официјалната покажа дека починал од инфакт, а и дека бил позитивен на Ковид-19.

-Имаме многу информации од јавен карактер што сугерираат дека денешниот митинг би можел да биде еден од најголемите досега во градот, изјави началникот на полицијата Питер Њушам за локалните медиуми, додавајќи дека голем дел од центарот на градот ќе биде затворен за сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот