Вашингтон тајмс: Антифа со месеци подготвувала бунт против властите во САД

epa07276798 An Antifa flag flies outside the State Library of Victoria in Melbourne, Australia, 12 January 2019. The protest organized by activist group Campaign Against Racism and Fascism was called in response to a far right rally along St Kilda foreshore the previous weekend. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Постапките на Антифа претставуваат остро раскинување со долгата традиција на мирољубиви политички процеси во САД.

Припадниците на екстремно левичарското движење Антифа во САД почнале да планираат бунт против тамошните власти пред неколку месеци, наведува „Вашингтон тајмс“.

Бунтот ширум земјата требало да биде поттикнат уште во ноември, во време кога кампањата за годинешниве претседателски избори во САД навистина почна, објавува весникот во ексклузивен извештај, повикувајќи се на тврдењата на официјално лице од органите на редот кое има пристап до разузнавачки податоци за таа таинствена групација.

По смртта на Афроамериканецот Џорџ Фројд во Минеаполис, ширум САД се случија насилни демонстрации и грабежеи, а со Антифа – чии активисти се раширија меѓу демонстрантите – се занимаваат истражителите, наведува весникот.

Коментирајќи ги тврдењата на неименуван функционер, аналитичарите истакнуваат деак таквиот потег на Антифа бил целосно во склад со нејзиниот карактер.

– Постапките на Антифа претставуваат остро раскинување со долгата традиција на мирољубиви политички процеси во САД, а нејзината марксистичка идеологија настојува не само краткорочно да влијае на изборите, туку и го уништи користењето на изборите како одредувачки фактор на политичкиот легитимитет, вели аналитичарот.

Друг соговорник на „Вашингтон тајмс“ тврди дека изборот на Доналд Трамп за претседател и ревитализацијата на САД претставуваат закана врз „нихилистичките цели“ на Антифа, која според неговите зборови, поттикнува насилство за да создаде хаос и очај и да доведе до пораз на Трамп на претседателските избори.

И самиот Трамп Антифа ја изначи како една од групациите кои стојат зад насилните протести, а советникот на Белата куќа за национална безбедност Роберт О’Брајан изјави дека американските официјални лица бараат повеќе разузнавачки податоци за активностите на таа група во светло на настаните кои се одиграа изминатите денови, наведува весникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот