Вашингтон стави на „црна листа“ седум ирански фирми поврзани со правење дронови

Фото: Јутјуб/принтскрин

САД додадоа седум ирански компании на својот список за санкции, поради нивната поврзаност со производството на дронови што Русија ги користи во инвазијата врз Украина, соопшти американското Министерство за трговија.

Меѓу додадените на американската „црна листа“ се ирански структури поврзани со разработката и производството на мотори за авиони, воено-космичките сили на Корпусот на стражите на исламската револуција, компанијата МАДО, која е специјализирана за производство на делови за беспилотни летала, а санкционирана е и на компанијата Paravar, за создавање на дроновите-камикази „Шахед“, како и претпријатието Shahed Aviation Industries.

Во соопштението на Министерството се истакнува дека со своите дронови Иран ја снабдува Русија за користење во Украина, што е против националните интереси и безбедноста на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот