Вашингтон сака да го зачува кредибилитетот на својата моќ за одвраќање во индо-пацифичкиот регион

САД Знаме / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Вашингтон сака да го зачува кредибилитетот на својата моќ за одвраќање во индо-пацифичкиот регион. САД побараа помош од Јапонија за брзо надополнување на залихите на проектили, со оглед на војните кои беснеат на Блискиот Исток и Украина.

„Американската воено-индустриска база не може да одговори на сите стратешки предизвици и сите обврски што ги имаме“, изјави американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел.

Претходно, САД и Јапонија ја имаа својата прва средба на тема забрзување на воено-индустриската соработка, два месеца откако американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида потпишаа договор за ова прашање.

„Целта овде не е да има повеќе состаноци. Целта е производството“, рече Емануел и додаде дека „оние кои сакаат да им наштетат на САД нема да чекаат да се изградат нашите индустриски капацитети“.

Амбасадорот рече дека кинескиот капацитет за изградба на воени бродови ќе го надмине американскиот капацитет и оцени дека поправката на американските бродови и воени авиони во Јапонија може да го ослободи американскиот индустриски капацитет и да им овозможи да се посветат на изградба на нови бродови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот