Вашингтон: Русите водат „војна“ против американските вакцини

epa09054650 White House Press Secretary Jen Psaki holds a news briefing, at the White House in Washington, DC, USA, 05 March 2021. EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги следи напорите на руските разузнавачки служби „насочени кон поткопување на вакцините против коронавирусот на компаниите Модерна и Фајзер“.

„Ние сме свесни за тоа, го следиме и преземаме чекори за негово решавање“, рече Псаки пред новинарите во понеделникот.

Според Ројтерс, таа посочила дека Соединетите држави со сите средства ќе се борат против дезинформациите.

„Секако дека сме запознаени со пристапот и тактиката на руските напори за дезинформација“, рече Псаки, додавајќи дека администрацијата на претседателот Бајден ќе повтори „во секоја можност“ дека вакцините се безбедни.

САД идентификуваа три публикации на Интернет во режија на руските разузнавачки служби, за кои тие тврдат дека се обидуваат да ги поткопаат вакцините против ковид-19 произведени од Фајзер и Модерна, рече Псаки во неделата.

Тие „ширеа многу видови дезинформации, вклучително и оние за вакцините Фајзер и Модерна, како и за меѓународните организации, воени конфликти, протести и какво било прашање на поделба што тие можат да го користат“, рече Псаки.

Портпарол на Кремлин го негираше американското тврдење дека Русија шири лажни информации за вакцините, додава Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот