„Вашингтон пост” го тужи Стејт департментот

Стејт департмент/ Фото: МИА

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост” поднесе тужба против Стејт департментот откако му беше одбиено барањето за увид во документите за безбедност во лабораторијата за истражување во кинекиот град Вухан, од каде почна пандемијата со новиот коронавирус.

Тужбата е поднесена до Окружниот суд на САД во Вашингтон и се однесува на две депеши, што американските дипломати ги испратија до Стејт департментот по посетата на американските научници на Институтот за вирусологија во Вухан.

„Вашингтон пост” се повикува на Законот за пристап до информации и побара да се објават депешите, но Стејт департментот одби со образложение дека нема „јасна потреба” за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот