Вашингтон очекува разјаснување од Анкара за протерувањето на амбасадорите на 10 западни држави

Стејт Департментот на САД
Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

Вашингтон очекува Анкара да ги разјасни акцентите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прогласување персона нон грата на амбасадори на 10 држави. Меѓу нив е и шефот на дипломатската мисија на САД, соопшти Стејт департментот.

Претходно, претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли ги оквалификува акциите на Турција како авторитарна тенденција.

Ердоган прогласи за персона нон грата амбасадори на 10 западни држави. Мерката што ја најави Ердоган е затоа што дипломатите изразиле поддршка и побараа ослободување на турскиот активист Осман Кавала.

Кавала, соработник на бројни граѓански групи, е во затвор четири години, обвинет за финансирање протести низ целата земја во 2013 година и за вмешаност во неуспешниот државен удар во 2016 година. Тој остана во притвор додека трае неговото последно судење и ги негира обвиненијата.

Во заедничката изјава на 18 октомври, амбасадорите на Канада, Данска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска, Финска, Нов Зеланд и САД повикаа на праведно и брзо решавање на случајот на Кавала и за негово „итно ослободување”.Тој се наоѓа в затвор без пресуда, иако неговото ослободување беше со одлука на Европскиот суд за човекови права во декември 2019 година. Тие беа повикани од Министерството за надворешни работи, кое изјавата ја нарече неодговорна.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот