Вашингтон не сака да соработува со Кремљ за сајбер-криминалците: „Хакерите се поврзани со руските тајни служби“

САД одбија понуда за соработка од руските власти околу истражните дејности во случајот со руските хакери, соопшти денеска Димитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Властите во Вашингтон сметаат дека тие се поврзани со Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија.

Како што е веќе извесно, американското Министерство за финансии синоќа објави награда од пет милиони долари за информација за локацијата на Максим Јакубец, предводник на хакерската организација „Ивл Корп”.

Тој и уште еден именуван руски хакер, Игор Турашев, се ставени на американски список на санкции и САД по нив распишаа потерница во износ од пет милиони долари, најголема награда информација за сајбер криминалци досега.

-Ние традиционално сме за соработка во истраги за вакви дела, за фаќање на престапниците…но во овој случај не станува збор соработка, и тоа не е по наша вина, изјави Песков.

Тој укажа дека Русија претходно нудела соработка во областа на борбата против сајбер-криминалот, но тие предлози „за жал не беа слушнати и разбрани од другата страна”.

Во покренатото обвинение се вели дека Јакубец не е само предводник на „Ивл корп”, туку е и поврзан со руските власти и со ФСБ.

Американскиот Стејт департмент, во соработка со Федералното биро за истраги (ФБИ) синоќа соопшти дека се покренати обвинеија против двајцата руски хакери. Тие и уште 15 лица, шест компании и хакерската организација се ставени под санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот