Вашингтон ја враќа обврската за носење маски во затворен простор

Музеј во Вашингтон, САД / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот главен град Вашингтон повторно воведува задолжително носење заштитни маски во затворени простории, без разлика дали граѓаните се вакцинирани или не.

Градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Боузер најави дека новите прописи ќе стапат во сила в сабота и дека ќе се применуваат за сите лица постари од две години.

– Знам дека народот во Вашингтон внимателно ги следеше упатствата за јавното здравство и дека ќе го прифати тоа, нагласи таа.

– Ќе продолжиме да правиме сѐ што е потребно за да го зачуваме Вашингтон безбеден, истакна градоначалничката.

Видео на денот