Вашингтон: Грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање

Нед Прајс
Нед Прајс / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во Стејт департментот синоќа укажаа дека грчкиот суверенитет над островите Лесбос и Самос не е доведен во прашање, и ги повикаа сите земји, вклучително и „нашите сојузници” да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и да избегнуваат акции кои би создале тензии.

Изјавата од портпаролот Нед Прајс доаѓа откако Анкара испрати дипломатска нота до САД и Грција, затоа што последната распоредила американска воена опрема на овие острови, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.

На прашање од новинар како САД го коментираат тоа, Прајс посочи „за распоредување на нивна одбранбена опрема да се прашаат самите влади”.

-За тоа ние не можеме да зборуваме, Општо земено, и ова го кажав вчера, продолжуваме да ги охрабруваме нашите НАТО партнери, во овој случај Турција и Грција, да работат заеднички на одржување на мирот и безбедноста во регионот, и да ги решат сите разлики по дипломатски пат. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од реторика и да избегнат постапки кои би можеле да разгорат тензии, изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот