Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

epa08140613 Riot police detain pro-democracy protesters during a rally in Hong Kong, China, 19 January 2020. Hong Kong has entered its eighth month of mass protests, originally triggered by a now withdrawn extradition bill, that have since turned into a wider pro-democracy movement. EPA-EFE/JEROME FAVRE

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека „оваа катастрофална одлука на Кина е само последна на долгиот список потези.

САД формално заклучија дека Хонгконг не е независен од Кина, и тоа предизвикува преразгледување на трговските повластувања што ги има поранешната британска колонија, како одговор на контроверзниот закон за безбедност што Пекинг сака да го наметне.

Во Хонгконг полицијата распореди бројни сили околу локалниот Парламент и уапси стотици луѓе за да ги одврати про-демократските активисти да протестираат против разгледувањето на друг предлог-закон, со кој се казнува какво било непочитување на кинеската химна.

Планот за закон за „национална безбедност” во Хонгконг, со кој се забранува тероризам, сецесија, субверзија и мешање во странство, треба да се разгледа в четврток.

По неколкумесечните понекогаш насилни про-демократски протести на полуавтономна територија, новиот закон ќе им овозможи заобиколување на властите во Хонгконг и за првпат Кина ќе може отворено да ги распореди своите безбедносни сили и тајната полиција во Хонгконг.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека „оваа катастрофална одлука на Кина е само последна на долгиот список потези што фундаментално ја поткопуваат автономијата и слободите на Хонгконг и ветувањата што самата Кина ги даде на луѓето од Хонг Конг”.

Според законот донесен од американскиот Конгрес минатата година, државниот секретар треба да „потврди” дали територијата ужива во нејзината автономија и тој реши да каже дека не е така.

„Јас му потврдив на Конгресот дека Хонгконг нема еднаков третман. Со оглед на фактите на теренот, ниту една разумна личност не може да тврди дека Хонгконг задржал висок степен на автономија од Кина”, рече Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот